Марта не заслужи ваков крај, Бразил не ја мина ни групата на СП!

Ремито од 0-0 против Јамајка, значеше елиминација за женската репрезентација на Бразил од Светското првенство кое се игра во Австралија и Нов Зеланд.

Бразилките за првпат после 1995 година, не успеаја да ја поминат групата и останаа без учество во нокаут фазата.

Најтажна после мечот беше легендата Марта, која играше на дури шест Мундијали, и со солзи во очите потврди дека за неа завршува репрезентативната кариера.

„Сонував за освојување на титулата, а ова е како во најлош кошмар. Благодарна сум за шансата која ја добив, тука е мојот крај“ – рече некогаш најдобрата фудбалерка на светот, 37-годишната Марта.

- Оглас -

Најнови вести