По заминувањето на Панче Стојанов од клупата на Брера, нов предводник на струмичкиот тим е Мартин Алаѓозовски. Младиот стратег дебито ќе го има веќе утре на дуелот против Шкупи во Струмица.
Алаѓозовски веќе подолг период е дел од младинските категории на Брера, а има ангажмани и во младинските репрезентации на Македонија. Сега има голем предизвик, да ја предводи Брера која по првите четири кола има освоено само два бода (две нерешени и два порази).
Шкупи е можеби најпосакуваниот ривал за деби на Алаѓозовски затоа што чаирчани имаат четири порази во четири кола во досегашниот дел од првенството.