По синоќешната победа од 1-0 против Данди, шкотскиот гигант Селтик официјално се раздели со менаџерот Мартин О‘Нил, а за негов наследник е одбран 48-годишниот Французин Вилфред Нанси кој ќе потпише договор на две и пол години.
Синоќа О’Нил го предводеше почесниот круг околу „Селтик парк“, играчите му аплаудираа по него.
О’Нил беше привремено решение, а на Нанси му остава тим кој е во серија од пет победи по ред и има еднаков број бодови, но и еден меч помалку од лидерот на шкотската Премиер лига, Хартс.
Нанси доаѓа од американскиот Колумбус Кру, со кого ги освои МЛС купот и Лига купот, а беше прогласен и за тренер на годината во лигата во 2024. Тој, исто така, го освои и канадското првенство како тренер на Монтреал.
„Многу сум среќен што сум назначен за менаџер на Селтик, тоа е огромна чест за мене и за моето семејство. Ја знам историјата, ги знам вредностите на Селтик и знам што се очекува од мене“, рече Нанси.
Откако Брендан Роџерс поднесе оставка на крајот на октомври, по пораз од Хартс, а не ни влегоа во Лигата на шампионите каде во квалификациите беа елиминирани од Каират. Поранешниот менаџер О’Нил дојде како привремен тренер и го врати тимот на вистинскиот колосек.
Првиот натпревар на Вилфред Нанси како менаџер на Селтик ќе биде дома во дербито против Хартс в недела. Потоа следува дуел со Рома, па финалето во Купот на „Хемпден парк“.

