Мартин Серафимов потпиша двегодишен договор со Еурофарм Пелистер

Мартин Серафимов официјално потпиша двегодишен договор со актуелниот македонски ракометен првак Еурофарм Пелистер.

„Нашиот клуб секогаш бил асоцијација за македонската репрезентација и во секој успех вградил многу свои членови и протагонисти. Затоа секој потпис на македонски репрезентативец многу ни значи. Денес го официјализираме како наш нов член Мартин Серафимов, десниот бек на националниот тим. Тој потпиша двегодишен договор со Еурофарм Пелистер и од сезоната 2026/27 ќе му се стави на располагање на стручниот штаб“, објавија битолчани.

Серафимов кој има 26 години, досега играше во Алкалоид, а претходно го носеше дресот и на Металург.

- Оглас -

Најнови вести