10.8 C
Skopje
среда, 19 ноември 2025

Мартинели и Тросар го замолнаа Билбао, ПСВ шокиран дома (Видео)

Арсенал на најдобар начин го стартуваше новото издание во Лигата на шампионите откако славеше со 0-2 на гости против Атлетик Билбао. Англискиот тим покажа квалитет и најави дека оваа сезона е еден од фаворитите за титулата и во елитното европско клупско натпреварување.

„Резервистите“ на Микел Артета му донесоа триумф на Арсенал. Габриел Мартинели го постигна водечкиот гол, по асистенција на Тросар, кога во 72-рата минута ја претрча одбраната на домашниот тим и го совлада Унаи Симон.

Во 87-мата минута, Мартинели му возврати на Тросар со асистенција, а Белгиецот беше стрелец на вториот гол за Топчиите.

Во Ајндховен, ПСВ загуби од Унион Сен Жил со 1-3. Давид Промис од пенал беше стрелец на првиот гол во ЛШ оваа сезона, откако погоди во деветтата минута, а Ануар Аит Ел Хаџ во 39-тата минута зголеми на 0-2.

Кевин Мекалистер во 81-вата минута со трет гол за гостите го реши победникот, а Рубен ван Бомел го постигна почесниот погодок за ПСВ во 90-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести