Мартинес испиша историја во минималната победа на Аргентина, Венецуела со гол со ножички го шокира Бразил (Видео)

Актуелниот светски шампион Аргентина победува и кога не игра добро и во јужноамериканските квалификации за пласман на СП 2026 година со минимални 1:0 го совлада Парагвај.

https://twitter.com/i/status/1712685665752613000

Единствениот гол на мечот го постигна дефанзивецот Николас Отаменди уште во третата минута.

На овој натпревар, голманот на Гаучосите, Емилијано Мартинес, постави нов аргентински рекорд – дури 622 минути нема примено гол. Последен пат топката од својата мрежа ја вадеше во финалето на Светското првенство кое се играше во декември минатата година, кога беше совладан од Килијан Мбапе.

Аргентина е единствена репрезентација во јужноамериканските квалификации која по три кола има максимален учинок.

 

Најголемиот ривал на Аргентинците, Бразил направи голем кикс играјќи само 1:1 против Венецуела. Дефанзивецот на Арсенал, Габриел, во 50-тата минута го отвори резултатот, но Кариоките беа шокирани на пет минути пред крајот на мечот, кога Белo постигна гол за 1:1.

Чиле благодарение на головите на Валдес и Лопес славеше против Перу, додека Еквадор како гостин со 2:1 ја совлада Боливија.

- Оглас -

Најнови вести