Селекторот на Португалија, Роберто Мартинес, повторно изрази оптимизам дека неговиот тим може да го освои Светското првенство следното лето.
„Се вели дека Португалија ќе биде победник на Светското првенство… Зошто да не? Нека сонуваме“, изјави Мартинес.
„Изборот на играчи е клучен. Ова ќе биде различно Светско првенство. Потребни ни се тактичка и техничка квалитетност, но и енергија. Токму тоа ќе го тестираме во претстојните контроли“, додаде тој.
Роберто Матинес го нагласи и значењето да им се даде шанса на светските прваци до 17 години во наредните години, со поглед кон Светското првенство 2030.

