Аргентинскиот голгетер Лаутаро Мартинес останува верен на Интер до 2029 година. Еден од лидерите во тимот на Нераѕурите, играчот кој ја носи капитенската лента, во Интер дојде во 2018 година, а доколку го одработи новиот договор до крај, дефинитивно ќе биде една од најголемите легенди на клубот.
„Потпишувањето на договорот ми значи многу. Горд сум и благодарен. Сакам да им се заблагодарам на директорите во клубот. Веќе шест години сум тука, тоа значи многу за мене и за семејството. Среќен сум и сакам да продолжам да победувам и да освојувам трофеи. Во овој период созреав на теренот, но и надвор од него. Во последните неколку години освоивме многу трофеи и навистина сум горд. Им благодарам и на нашите фанови, кои секогаш ми даваат поддршка“, рече Мартинес, кој во изминативе шест години одигра вкупно 282 меча за Интер, а постигна 129 погодоци.
“Esta es la historia de un toro y una serpiente” 🐂🐍📚
Juntos 🤝🖤💙#ForzaInter #Lautaro2029— Inter ⭐⭐ (@Inter) August 12, 2024