Мартинес е мајстор за правење тензии, овојпат со капа ги провоцира Французите

Голманот на Астон вила, Емилијано Мартинес, веднаш почна со провокации кон Французите при пристигнувањето во Париз, каде што вечерва неговиот тим ќе игра против ПСЖ во Лигата на шампионите.

Мартинес носеше капа со четирите пехари кои ги има освоено со националниот тим на Аргентина, меѓу кои и трофејот од Мундијалот во Катар 2022, кога Гаучосите во финалето ја совладаа Франција. Во тоа финале, при 3-3 во последните секунди Мартинес имаше незаборавна одбрана, со која ги спречи Французите да станат светски шампиони, а со одбрани се истакна и во пенал-рулетот.

„Меч против ПСЖ во Франција? Добрата работа е што мојот тим ќе има помалку притисок бидејќи фановите ќе бидат фокусирани на напади само кон мене. Ја држам  работата под контрола. Против Лил ме исвиркуваа 120 минути, тоа е нормално“, изјави популарниот Дибу, кој по победата над Франција во финалето на СП направи неколку гестови со кои дополнително ја разлути француската јавност.

- Оглас -

Најнови вести