Мартинес: Интер се врати таму каде што припаѓа!

Повеќе од една деценија навивачите на Интер чекаа да го видат својот омилен клуб во полуфиналето од Лигата на шампиони, а сега тоа им се оствари откако Нераѕурите со вкупно 5:3 ја елиминираа Бенфика по двомечот.

Лаутаро Мартинес, кој девет меча немаше постигнато погодок за Интер, погоди во реваншот против Бенфика кога му донесе водство на својот тим од 2:1. По завршување на дуелот, Аргентинецот беше многу среќен.

„Мило ми е што го вративме тимот таму каде што припаѓа. Многу сум среќен што сум дел од оваа екипа. Ќе биде специјално полуфинале. Посебно е кога се игра едно такво дерби како Интер – Милан во полуфинале од Лигата на шампионите. Јас играм за да ги освојам сите титули. Сега сме во полуфинале и тоа е едно добро остварување. По толку години, клубот заслужува да биде таму каде што сме сега“, рече задоволно по средбата Мартинес.

 

- Оглас -

Најнови вести