3.8 C
Skopje
вторник, 23 декември 2025

Мартинес не ја смета Португалија за фаворит на СП

Селекторот на португалската фудбалска репрезентација, Роберто Мартинес, смета дека неговиот тим не е меѓу главните фаворити за титулата на Светското првенство во 2026 година.

Португалија има една титула на Европското првенство и две победи во Лигата на нациите, некои сметаат дека е дојдено време првпат да се освои и Светското првенство и Кристијано Роналдо да се повлече и со освоен Мундијал во својата блескава кариера.

„Верувам дека само оние кои веќе го освоиле Светското првенство можат да се сметаат за фаворити. Од психолошка гледна точка, сознанието дека претходните генерации го освоиле овој турнир дава посебна сила. Сепак, имам огромна доверба во оваа група играчи, начинот на којшто живеат и дишат за националниот тим. Примерот на Еузебио, кој заврши трет на СП во 1966 година, е можеби најдоброто наследство што некој може да го има. Тоа е извор на инспирација“, вели Мартинес.

Според шпанскиот стручњак, во одлична форма е Шпанија, која е актуелен европски првак. Смета дека и Германија е исто така добро подготвена, а плус таа е и единствениот европски тим што освоил СП на некој од американските континенти. Како фаворити ги спомнаа и Франција, Бразил и Аргентина.

 

- Оглас -

Најнови вести