Најдобриот голман на Светското првенство во Катар, Емилијано Мартинес, е цел на критики поради непристојниот потег што го направи неколку моменти откако ја доби Златната ракавица.
Emi Martìnez wins the golden glove.
And then does this with it. pic.twitter.com/Mt43auNBJX
— Gareth Davies (@GD10) December 18, 2022
Мартинес потоа даде објаснување за овој непристоен гест.
„Го направив тоа бидејќи Французите ме исвиркуваа. Честа за мене не функционира“, рече Мартинес за аргентинското радио Ла Ред.
Освен овој потег, Мартинес по финалето направи уште два геста, еден добар, но и уште еден не толку коректен. По финалето, голманот на Аргентина застана да го утеши Килијан Мбапе, но потоа во соблекувалната додека ја славеше титулата, повторно направи испад кога извика: „Минута молк, Мбапе е мртов“.
The hate towards Argentina team is so forced, Emi Martinez was literally consoling Mbappe after the game but the media won't show you this ffs. https://t.co/IzAAvRvyj3 pic.twitter.com/X5Tfu8XHq5
— F R E D (@AFCFrediNho) December 19, 2022