Кошаркарите на Канзас се нови шампиони во НЦАА лигата во Америка, а приредија историски подвиг и пресврт во финалето против Северна Каролина.
Популарните „Јастреби“, или Jayhawks, победија во Њу Орлеанс пред околу 70 илјади гледачи со 72:69, иако на полувреме губеа со 15 поени разлика, 25:40.
Во еден момент во првиот дел имаа и 16 поени негатива, но успеаја да најдат рецепт за триумф и четврта титула, и тоа со најголемиот пресврт во финалињата на колеџ-кошарката.
Канзас успеа да ја стопи предноста на ривалот во првите 10 минути од второто полувреме и во драматичен финиш и победи за четврта титула во клупската историја.
https://twitter.com/MarchMadnessMBB/status/1511187835662974981?s=20&t=fHXRluquglzejr2gwx5Psw
Давид Мекормак и Џејлен Вилсон со по 15 поени беа лидери и најефикасни кошаркари кај новиот шампион, а Ер-Џеј Дејвис и Армандо Бекот со ист ефект од по 15 поени беа главни кошгетери кај поразениот тим.