Масар Омерагиќ и официјално е кандидат за претседател на ФФМ

Масар Омерагиќ и официјално е кандидат за претседател на Фудбалската федерација на Македонија, и тоа како предлог на Општинскиот фудбалски сојуз Свети Николе. Омерагиќ ја доби довербата на делегатите на ОФС Свети Николе, кои со 16 гласа го поддржаа и со тоа ја официјализираа неговата кандидатура за претседател на ФФМ.

Вонредното изборно собрание на ФФМ ќе се одржи на 22 декември, откако досегашниот претседател, Муамед Сејдини, одлучи да се повлече од функцијата на 17-ти ноември и да распише вонредни избори за нов претседател.

Омерагиќ изминатите денови јавно беше поддржан и од најдобриот фудбалер во историјата на Македонија, Горан Пандев, како и од легендите Агим Ибраими, Ѓорѓи Христов, Гоце Седлоски …

- Оглас -

Најнови вести