2.8 C
Skopje
понеделник, 22 декември 2025

Масар Омерагиќ точно пред една година стана претседател на ФФМ

Масар Омерагиќ пред точно една година беше избран за шести претседател на Фудбалската федерација на Македонија од осамостојувањето на нашата земја.

„Една година. Не како бројка, туку како патека. Во оваа една година не ветувавме чуда, туку работа. Тивки одлуки, тешки разговори и чекори што не секогаш предизвикуваат аплауз, но секогаш се во корист на фудбалот. Не е сè завршено. Напротив. Насоката е поставена, а фудбалот, како и секогаш, бара трпение, знаење и оптимизам. Јас верувам. Напред Македонија“, порача Омерагиќ преку „Фејсбук“.

Поранешниот фудбалер на Слога Југомагнат, Балкан, Силекс и Вардар дојде на чело на ФФМ како наследник на Муамед Сејдини, а една од главните новини во неговото владеење е воведување на ВАР-системот во Првата лига.

- Оглас -

Најнови вести