Шпанската Ла Лига е една од најсилните фудбалски лиги на светот и веќе си обезбеди значајна сума пари од ТВ-права за следните пет сезони.
Познатите бродкастери, Мувистар и ДАЗН, ги обезбедија ТВ-правата за преноси на натпреварите во следните пет сезони за вкупна сума од 4,95 милијарди евра, или речиси по една милијарди евра по сезона.
Пакетот важи од следната сезона 2022/23 до 2026/27, а Мувистар и ДАЗН ќе имаат право да пренесуваат по пет натпревари од секое коло во шпанското првенство.
Ла Лига објави дека интересот за откуп на ТВ-правата бил огромен, а Мувистар и ДАЗН победија на тендерот со најдобри понуди и со рекордна сума во историјата на шпанското првенство.