Кристијано Роналдо вечерва направи уште два чекори кон историскиот подвиг, 1.000 голови во кариерата. Најдобриот стрелец во историјата на фудбалот има 913 гола на официјални мечеви, а од нив 450 се по 30-тиот роденден за Португалецот.
Со двата гола вечерва, Роналдо му донесе победа на Ал-Наср од 3-1 на гостувањето кај Ал-Гарафа од Катар во дуел од азиската Лига на шампиони. Неговиот погодок број 913 погледнете го ТУКА.
Голот за Кaтарците го даде Шпанецот Хоселу, кој минатата сезона играше за Реал Мадрид.
Атрактивен гол за Ал-Наср даде и Бразилецот Анжело:
What a move by Angelo to score his first #ACLElite goal 🤩#GHAvNSR pic.twitter.com/F5GmNe0xNl
— #ACLElite | #ACLTwo (@TheAFCCL) November 25, 2024