14.8 C
Skopje
недела, 21 септември 2025

„Машината“ Роналдо уште работи: Даде два гола и сега има 945 погодоци во кариерата (Видео)

Ал Наср сезонава се надева дека конечно ќе стигне до првиот трофеј со Кристијано Роналдо во составот. Гигантот од Саудиска Арабија без многу мака со 5:1 славеше против градскиот ривал Ал Ријад.

Со овој триумф, Ал Наср останува лидер во првенството на Саудиска Арабија со максимални девет бодови по три кола. Повторно во фокусот на дуелот беше легендардниот Кристијано Роналдо кој постигна по еден гол во двете полувремиња.

Серијата погодоци на овој меч ја започна Жоао Феликс во 6 минута, а потоа Коман погоди за 2:0 во 30 минута. Потоа дојде редот и на Роналдо да погоди и тоа за 3:0. Ова беше 28 погодок на Португалецот во 2025 година, а вкупно 944 во кариерата.

Ал Наср продолжи да напаѓа и во вториот дел кога Жоао Феликс го даде четвртиот погодок, а потоа Роналдо ја „пукна петардата“ кога погоди за 5:1. Роналдо сега има 945 погодоци во кариерата и му фалат само 55 за да стигне до неверојатни 1000 погодоци во профи кариерата.

Al Nassr [5]-1 Al Riyadh – Cristiano Ronaldo 76′ (Saudi Pro League)
byu/4gjdtokurwa insoccer

- Оглас -

Најнови вести