Машината за голови е на ладење во Копенхаген – Гвардиола го поштеди Халанд, норвешкото чудо е на клупата за резерви (Фото)

Пеп Гвардиола одлучи да го одмори норвшекото чудо Ерлинг Халанд и опасниот стрелец на Манчестер сити е резерва за вечервашниот дуел на „Паркен“ против Копенхаген.

Халанд летово дојде во Манчестер сити од Борусија Дортмунд и веднаш потврди дека е еден од најдобрите стрелци на планетата.

Постигна пет гола во Лигата на шампионите и е прв стрелец по три кола во луксузното европско натпреварување.

Немилосрдно ги тресе и мрежите во Англија, па во девет кола постигна неверојатни 15 гола, речиси двојно повеќе од Хари Кејн, кој е втор на листата со најдобри стрелци со 8 погодоци.

Вечерва од 18.45 часот против Копенхаген нападот на Манчестер сити ќе го предводи Хулијан Алварес, а Гвардиола направи уште неколку измениво однос на стандардниот состав па ги нема во стартниот состав и Фоден, Бернардо Силва, Дијас…

Во вториот меч од 18.45 часот Макаби Хаифа му е домаќин на Јувентус, а и двете екипи немаат што да бранат, бидејќи се на последното, односно претпоследното место.

Макаби нема бодови, а Старата дама собра три и заостанува зад водечкото дуо ПСЖ и Бенфика за четири бода, па победата е императив за двете екипи.

Првиот меч го доби Јувентус со 3:1 пред една седмица со двата гола на Рабио и еден на Влаховиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести