Машкиот тенис ѝ пркоси на генетиката

Марин Чилиќ и Стен Вавринка кои месецов ќе наполнат по 31 година, се најмладите тенисери според моментната возраст, кои освоиле гренд-слем титула во машка конкуренција. Со ова се докажува дека тенисерите родени од 1989 година наваму, се од „загубена декада“.

Најголема заслуга што ниту еден тенисер роден во 90-тите години од претходниот век нема освоено голем турнир, е кај триото Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер. До пред три години се случуваше и по некој друг (Вавринка, Чилиќ, Мареј или Дел Потро) да се запише во листата на освојувачи на гренд-слем, но од 2017 наваму, на последните 12 гренд-слема, титулите ги освојуваат само најдобрите тројца на светската ранг-листа. Доколку се обложевте на Ноле, Рафа или Роџер, немавте утка.

А, во женскиот тенис воопшто не е исто. Таму не само што големите турнири ги освојуваат тенисерки кои се во зенитот на кариерата, туку на САД опен триумфираше тинејџерката Бјанка Андрееску која е родена во 2000 година. Таму почнаа да победуваат тенисерки родени во новиот милениум, а тие од 80-тите (освен Серена Вилијамс) веќе не се во врвот.

- Оглас -

Најнови вести