Тренерот на Интер Мајами, Хавиер Маскерано, проговори за зависноста на тимот од игрите и формата на Лионел Меси.
„Не сме првиот тим кој зависел од Меси. Барселона на Гвардиола зависеше од него со години, Барселона на Луис Енрике, Барселона на Валверде исто така, а репрезентацијата на Аргентина исто така зависеше од него 15 или 20 години. Со други зборови, кога имате играч како Лео, сигурно дека ќе зависите од него. Не може да биде поинаку“, изјави Маскерано.