35.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Маскерано доби црвен картон, па го водеше Интер Мајами преку телефон (Видео)

Интер Мајами со 2-1 го совлада Тигрес во Лига купот на Северна Америка, натпреварување во кое настапуваат екипите од САД и Мексико. Пред крајот на првото полувреме, црвен картон заработи тренерот на Интер Мајами, Хавиер Маскерано, кој беше незадоволен од продолжението на првиот дел.

Сепак, иако беше испратен на трибините, тој продолжи да ја води екипата, но преку телефон, нешто што е строго забрането. Исклучените тренери не смее да имаат никаков контакт со екипата, па Аргентинецот со сигурност ќе заработи дополнителна санкција.

 

- Оглас -

Најнови вести