Интер Мајами ја заврши својата одисеја на Светското клупско првенство и се врати на обврските во МЛС лигата на САД.
Тренерот Хавиер Маскерано е среќен што го има во тимот Лионел Меси и се надева дека тој ќе го продолжи договорот и ќе остане на Флорида и следната сезона.
„Среќен сум што го тренирам Меси. Всушност, тоа е само на зборови, затоа што верувајте, никој не може да го тренира Меси, односно да го научи нешто ново во фудбалот. Можете само да застанете и да гледате, и да се обидете да ги прилагодите сите други во тимот да бидат во функција на Меси. Понекогаш, тој гледа работи што ние останатите не можеме воопшто и да ги забележиме“, изјави Маскерано.
Лионел Меси е во преговори за продолжување на договорот со Интер Мајами, но исто така има и баснословна понуда од Ал-Хилал да се пресели во Саудиска Арабија.