21.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Маскерано открива: Меси играше повреден, Интер Мајами покажа дека може да му парира на секој тим

Интер Мајами со 2:1 го победи Порто, што е историски триумф. Интер Мајами стана првиот тим од САД што успеал да победи европски ривал во официјален натпревар под капата на ФИФА.

Лионел Меси постигна фантастичен гол од слободен удар со кој Интер Мајами стигна до победа од 2:1 откако прв поведе Порто. По мечот, тренерот на Интер Мајами, Хавиер Маскерано, откри дека Меси играл повреден и дека пред средбата имало дилема дали треба да настапи.

„Меси играше со повреда. Чувствува болка во квадрицепсите. Начинот на којшто Лео постојано трчаше е вистинска лудост. Пред мечот воопшто не беше јасно дали ќе може да игра“, рече тренерот на Интер Мајами, Хавиер Маскерано.

Аргентинскиот стратег, кој додека беше активен на теренот играше со Меси во националниот дрес, имаше само пофални зборови за неговите фудбалери.

„Прво, сакам да им честитам на играчите за мечот што го одиграа. Освен постигнатиот резултат, беше гордост да се гледаат фудбалерите како играат со толку голема храброст, без разлика дали топката беше во нивните нозе или не. Денеска покажавме дека може да се натпреваруваме против кој било клуб во светот“, рече Маскерано, кој додаде дека неговите играчи никако не смее да се релаксираат пред третото коло на ова клупско СП.

„Нашиот план беше да се држиме заедно. Знаевме дека може да се натпреваруваме. Дури и кога губевме, останавме сплотени. Секој кој беше на теренот даде свој придонес за оваа победа. Ова значи дека уште сме во игра. Ќе мора и во третото коло да бидеме максимално фокусирани за да обезбедиме пласман во следната фаза, додаде Маскерано.

- Оглас -

Најнови вести