Маскерано: „Се забавувавме, но разликата во класи е преголема“

Интер Мајами очекувано загуби од ПСЖ во осминафиналето на Светското клупско првенство, но и пласманот помеѓу најдобрите 16 екипи е голем успех за екипата. Тренерот на Интер Мајами, Хавиер Маскерано, не штедеше комплименти за ПСЖ, за фудбалерите на „светците“, но и за неговиот колега, Луис Енрике.

„Горд сум на мојот тим, и покрај тоа што разликата во квалитет меѓу двата тима е огромна и тоа беше очигледно. Кон крајот направивме добри работи и вложивме многу напор за да постигнеме гол. Уживаме во нашето учество на турнирот. За нас ова е непроценливо искуство. Се обидовме да се забавуваме, но против можеби најдобриот тим во светот беше тешко сè да ни тргне од рака. ПСЖ има фантастични фудбалери и неверојатен тренер. Ако постои спорт кој ти дава можност да се натпреваруваш, и покрај големата разлика во квалитетот, тоа е фудбалот. Се потрудивме, но не успеавме.“ – рече тренерот на Интер Мајами, Хавиер Маскерано, после поразот од ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести