Маскотата на Сити го тужи Халанд: „Ме удри, ми се слоши, повраќав“

Девојката која го носи костимот со маскотата на Манчестер сити го пријави во полиција Ерлинг Халанд поради наводен физички напад. Таа ја обвинува ѕвездата на „граѓаните“ дека ја удрил по главата, по што ѝ се слошило и започнала да повраќа. Клупскиот доктор ја прегледал и ја упатил на прегледи и во болница, но испитувањата не покажале никакви прегледи.

Таа го пријавила случајот во клубот, но од таму не утврдиле никаков физички напад, а биле прегледани и видео снимките. Од клубот ѝ било кажано дека Халанд не е причината за нејзината повреда, а потоа и не ѝ го продолжиле договорот.

Девојката одлучила да го пријави случајот и во полицијата на Манчестер, но во моментов и од таму нема никаква реакција.

- Оглас -

Најнови вести