Маслинко останува уште една сезона во МЗТ Скопје, пристигна и Филип Бакоч

Андреј Маслинко ќе игра за МЗТ Скопје и идната сезона, откако одлучи да го продолжи договорот со Штрковите за една година, а ист период соиграч ќе му биде и Филип Бакоч.

Маслинко ќе ја игра четвртата сезона за Металците од Аеродром и со нив има по една титула во домашното првенство и во Купот на Македонија.

Во редовите на еден од најтрофејните клубови кај нас пристигна и Бкоч, репрезентативецот на Македонија, од редовите на Еуроникел.

Бакоч има 24 години и едно лето е повозрасен од Маслинко, со кого ќе бидат конкуренти на позицијата крилен центар. И тој потпиша едногодишен договор, со што носи и дополнителен квалитет и засилена конкуренција на позициите 3 и 4 за идната сезона.

Претходно договорот со МЗТ Скопје го обновија и капитенот Дамјан Стојановски и тренерот Ѓорѓи Кочов. Екипата што беше лидер во македонското првенство до конечниот прекин на сезоната и не беше прогласен за шампион ќе има шанса најверојатно да игра во АБА лигата идната сезона и затоа има план да се засили. Се очекува одлука на раководството на Јадранската лига, аеродромци да играат во највисок ранг на натпревар  на местото на Приморска, која како што е најавено нема да биде член на АБА идната сезона.

- Оглас -

Најнови вести