Масовна тепачка на хулигани ја здрма Русија (Видео)

Дуелот меѓу Ростов и Локомотив Москва не беше ништо посебно привлечен и на крајот заврши без голови во рамките од седмото коло на руското првенство. Ако на теренот немаше многу возбудувања, тоа што се раскажува за оваа средба е драмата која се случуваше пред мечот.

Хулигани на двата тима жестоко се тепаа на улица, а сето тоа било снимено и пренесено на социјалните мрежи. Немаа милост ниту едните ниту другите, а на крајот побеници се хулиганите на Ростов. Руските хулигани се познати како едни од најопасните и секогаш знаат да направат неред дури и на големи натпреварувања, како што се Европско или Светско првенство.

 

 

- Оглас -

Најнови вести