Вториот меч помеѓу Реал Мадрид и Партизан од четвртфиналето на Евролгиата е прекинат при 95-80 за гостите од Белград на 1,40 минути до крајот. На паркетот се случи масовна тепачка, а судиите требаше да ги исклучат сите кошаркари, па досудија крај на мечот.
Инаку, белградскиот Партизан е на чекор од пласман на фајналфорот во Евролигата, на Црно-белите им треба уште еден триумф за место меѓу четирите најдобри во Европа, а вечерашниот меч веројатно ќе биде регистриран со резултатот во моментот на прекинот.
Кралскиот клуб беше фаворит пред почетокот на серијата, но се покажа дека повредите на центрите, особено на Таварес, кој вечерва не играше, примената тројка во последна секунда за пораз на првиот меч и неискуството на тренерот Чус Матео наспроти големиот Жељко Обрадовиќ се клучн, и чудо би било ако Партизан не замине на Ф4 турнирот во Каунас.
Партизан игра со огромна самодоверба, ја уништија одбраната на Реал во првата четвртина со 31 поен и најавија дека намерата им е да одат до крај. Тепачката го расипа впечатокот, сега се чека реакција од Евролигата.
Во другиот меч вечерва, Монако го победи Макаби и изедначи на 1-1, а следните два меча се играат во Тел Авив.
Llull, Yabusele… los valores, el señorío y tal. pic.twitter.com/Ye6seFp1AM
— Toni Juanmartí (@tjuanmarti) April 27, 2023