Масовна тепачка на трибините на одбојкарски меч (Видео)

Одбојкарскиот меч меѓу Галатасарај и Цирзе Беледије мораше да биде прекинат 10-тина минути поради неочекуваните немири кои ги иницираше помошник-тренерот на Цизре.

Во дуел од четвртфиналето на Купот, се играше петти сет, кога тренерот нервозно започна да вика по противничките играчи. Тоа предизвика голема нервоза кај присутните во салата, а тренерот доби исклучување.

Додека се чекаше исклучениот тренер да биде тргнат од теренот и да се качи на трибините, токму таму се случи тепачка. Пријателите на исклучениот тренер започнаа тепачка која траеше неколку минути, а на крајот мораше да реагира и полицијата за да се смират страстите и на крајот дуелот да се доигра.

На крајот, Галатасарај победи со 3:2.

- Оглас -

Најнови вести