Масовно го критикуваа Саутгејт зошто не го игра Фоден, тој со рогање на трибините ја расипа наубавата акција денес(Видео)

Фил Фоден со лош удар од одлична позиција не успеа да ја круниса најубавата акција вечерв, што  ја изведоа Англичаните против Велс во 38-мата минута.

Токму тој и ја почна, а потоа следуваа петици на Џуд Белингем и на Кајл Вокер, а завршницата беше лоша.

Фоден наместо рутински да погоди, ја „рогна“ топката на трибини и резултатот остана 0:0 до крајот на првото полувреме.

Целата акција и утката на Фоден можете да ги погледнете ОВДЕ.

Играчот на Манчестер сити вечерва за првпат е стартер за Англија на СП, а за него селекторот Герет Саутгејт беше остро критикуван зошто не му дава поголема минутажа откако на првите два меча беше само 21 минута на теренот.

Фоден го сметаат за еден од најталентираните млади играчи во Англија, па и на светот, а има 22 години.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести