Големиот број доделени ваучери (99) во минатото коло за прогнозерите коишто имаа 12 или 11 погодоци и сериозното доближување до 13-ка и премијата „ајфон 12“, ги мотивираше сопствениците на СЛ картички помасовно да се приклучат во 15-тото коло од бесплатната Спортска прогноза.
Типувањето трае до утре во 15.30 часот, кога почнуваат првите натпревари од понудата.
Според досегашните проценти на оние играчи кои се изјасниле, најголем фаворит на прогнозерите е Монако. Над 94 проценти од играчите на Спортска прогноза веруваат во триумфот на Монако против Стразбур. Прогнозерите си имаат и други големи фаворити, а освен на основната понуда од 13 меча, треба да се прогнозираат исходите и на двата резервни пара кои се сметаат за рангирањето во Генерален пласман.
Една од резервните двојки е Челзи – Манчестер јунајтед, дуел за кој можеби изненадувачки, дури три четвртини од играчите типуваат победа на Сините.