Аргентинецот Франко Мастантуоно синоќа со 18 години и 40 дена стана четвртиот најмлад стрелец во историјата на Реал Мадрид и рече дека ужива во моментот.
„Тоа е уникатно чувство. Плус, тимот победи со добра гол-разлика, што е посебна радост за мене. Винисиус го започна нападот и ме виде добро од другата страна. Претходно не можев да постигнам гол во поедноставни ситуации од оваа. Се чувствувам многу смирено, уживам, сон е да бидам таму каде што сум сега“, рече младиот Аргентинец, кој е левучар, а убавиот гол го даде со десна нога.
Потоа Мастантуоно искажа пофални зборови и за соиграчот Џуд Белингам кој може да му го загрози местото во почетниот состав.
„Неверојатен играч! Ме импресионира, прекрасна личност и уникатен фудбалер. Искрено, никогаш не сум видел играч како него: таков авторитет, присуство на теренот, смиреност“, вели Франко.