Хетафе го совлада Рајо Валјекано со 2-1 во првиот меч од денешната програма во Ла Лига. Тимо за кој настапува македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски го претрпе четвртиот последователен пораз во шампионатот, додека Хетафе изби на четвртата позиција на табелата.
Во 28-та минута Мата се избори за позиција за удар и успешно ја протна тпката зад грбот на Димитриевски. Де Томас ги врати надежите на гостите во 58-та минута, но точно 10 минути подоцна Мата одново најде начин како да ја затресе мрежата на македонскиот голман.
Хетафе сега има 39 бода и се искачи на четвртото место на табелата, со два бода повеќе од Севилја, која подоцна се соочува со Барселона. Рајо пак, со четвртиот пораз во низа остана на претпоследното место со 23 бода, исто колку што има и Вилјареал.