Матадорот се враќа на добро познато место?

Во зимскиот период се најавуваше дека Единсон Кавани ќе ја заврши авантурата во ПСЖ и ќе го облече дресот на Атлетико Мадрид како слободен играч. На уругвајскиот напаѓач му истекува договорот со Светците ова лето и дефинитивно ќе бара нов клуб, но се чини дека Мадрид нема да му биде следна дестинација.

Наводно Наполитанците покажаа интерес да го вратат Кавани во своите редови, клубот од каде што замина за да се пресели во Париз. Кавани направи многу за ПСЖ и се наметна како најдобар стрелец во клупската историја, по што е во потрага по нов предизвик и токму во Наполи може да го добие тоа што го сака, а воедно би играл покрај нашиот дијамант Елиф Елмас.

Кавани настапуваше за клубот од „Сан Паоло“ од 2011 до 2013 година запишувајќи 138 настапи во кои постигна 104 погодоци. Се чека крајниот епилог од кризата со Коронавирусот за да се средат работите во првенствата и преодниот рок, за да може агентот на Кавани да договара евентуално враќање на Уругваецот во Италија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести