Главната борба на УФЦ 317 настанот во Лас Вегас траеше само две и пол минути, Илија Топурија експресно го нокаутираше поранешниот шампион во лесна категорија Чарлс Оливеира.
Сега грузискиот Шпанец е првак и во лесна и во перолесна категорија, но прв кој до ваков подвиг стигнал без пораз. Тој во кариерата има 17 борби и 17 победи, а Оливеира го претрпе 11-тиот пораз.
Шампион во лесна категорија досега беше Ислам Махачев, но тој ја отфрли титулата и реши да се пресели во полусредна категорија.
Погледнете како Топурија го „патосираше“ Оливеира:
EL MATADOR IS KING 👑 #UFC317 | @TopuriaIlia pic.twitter.com/OW1jQYokzS
— UFC (@ufc) June 29, 2025