21.8 C
Skopje
петок, 15 август 2025

Матеј Гаштаров дебитираше за првата екипа на Црвена ѕвезда со убедлива победа

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Матеј Гаштаров, го имаше своето официјално деби за сениорската екипа на Црвена ѕвезда. 18-годишниот Македонец доби шанса за настап во 88-мата минута во убедливата победа од 1-4 на гостински терен над Младост Лучани.

Гаштаров до сега настапуваше само за младинската селекција на „црвено-белите“ во младинската Лига на шампиони.

Црвена ѕвезда по четири меча во српската Супер лига има максимални 12 бода со импресивна гол-разлика од 16 дадени и само два примени гола.

Матеј Гаштаров пред една ипол година направи трансфер од Вардар во младинските категории на српски Минералац, од каде по само една полусезона се пресели во Црвена ѕвезда и потпиша професионален договор.

Во составот на Црвена ѕвезда за мечот со Младост Лучани имаше уште еден Македонец, Горазд Ристовски, но тој не доби шанса за настап и своето деби ќе го чека на некој следен натпревар.

- Оглас -

Најнови вести