Македонскиот крилен фудбалер Матеј Цветаноски е нов член на сараевскиот Железничар и веќе го одржа првиот тренинг со својот нов клуб.
Цветаноски, кој има 26 години, потпиша двегодишен договор со популарниот Жељо. Матеј во кариерата има играно за Македонија Ѓорче Петров, Пелистер, Вардар, Шкупи, Ѓирмот, Партизани и Брера Струмица.
Тој веќе е на Златибор, каде што Сините се подготвуваат за новата сезона.
„Првите впечатоци ми се одлични, теренот е одличен. Слушнав убави зборови за овој клуб, дека има добри навивачи и добра атмосфера на стадионот. Едвај чекам да заиграм за Железничар. Имам неколку пријатели во оваа лига, имам слушнато добри работи за фудбалот во БиХ и мислам дека играњето овде е чекор напред во мојата кариера. Навивачите на Жељо можат да очекуваат да го дадам најдоброто од себе и ќе гинам на терен на секој натпревар“, порача Цветаноски.