22.8 C
Skopje
вторник, 22 јули 2025

Матео Ретеги потпиша за Ал Кадсија во рекорден трансфер вреден 65 милиони евра

Италијанскиот напаѓач Матео Ретеги официјално стана нов член на саудискиот клуб Ал Кадсија, кој за неговите услуги на Аталанта ѝ плати 65 милиони евра. Со тоа, овој трансфер влезе во историјата како највисокиот што некогаш бил платен за италијански фудбалер.

Ретеги имаше блескава сезона зад себе, завршувајќи како најдобар стрелец во Серија А, што привлече внимание од повеќе реномирани европски клубови. Сепак, тој се реши за нов предизвик во Саудиска Арабија, каде што ќе заработува 20 милиони евра по сезона во наредните три години.

Минатата сезона ја заврши со 28 постигнати голови во сите натпреварувања. Претходно настапуваше за Џенова, додека кариерата ја започна во аргентинските клубови Тигре, Талерес, Естудијантес и Бока Јуниорс.

- Оглас -

Најнови вести