Матета ужива во ноември, Мајнц ја победи Фортуна

Жан Филип Матета ужива месецов во фудбалската игра и на шестиот меч што го одигра во ноември, го постигна петтиот гол, многу важен и победнички за Мајнц.

На гостински терен Мајнц ја победи Фортуна во Диселдорф со 1:0, благодарение на мајсторијата на францускиот тинејџер во 67. минута.

Матета одлично се снајде во шеснаесетникот на Фортуна и погоди за победа на својот тим. 21-годишниот младински репрезентативец на Франција не постигна гол само на еден меч во ноември, против Борусија Дортмунд. Серијата ја почна на 4. номеври против Вердер Бремен, а потоа постигна три гола на три меча за младата француска репрезентација.

И денеска Жан Филип погоди за Мајнц и го завршува месецов со пет погодоци на шест дуели што ги играше што е импресивен учинок за фудбалер кој има само 21 година.

- Оглас -

Најнови вести