Легендата на германскиот фудбал, Лотар Матеус, го смета Бундестимот за еден од фаворитите за освојување на титулата на Мундијалот 2026.
Четирикратните светски шампиони ја декласираа Словачка со 6-0 на домашен терен на почетокот на неделата и завршија на првото место во квалификациската група „А“.
„Германија сака да биде конкурентна со најсилните, Англија, Португалија и Франција. Ако го повториме она што го покажавме во Лајпциг, ќе бидеме рамноправни со овие тимови. Го видовме тоа минатото лето. И покрај поразите од Португалија и Франција во Лигата на нации, Германија играше подеднакво добро како противниците. Ако германскиот тим покаже иста страст и игра толку единствено како против Словачка, нема од што да се плаши. Не треба да се потценуваме. Секогаш велев дека нашиот тим е меѓу фаворитите за титулата на Светското првенство. И нашите квалификациски кампањи за Мундијалот во минатото не беа лесни. На самиот шампионат тимот веројатно ќе биде под помал притисок. Фудбалерите ќе можат да бидат пофокусирани“, изјави светскиот шампион од 1990 година, Лотар Матеус, за „Скај Спорт“.

