Легендарниот германски фудбалер Лотар Матеус смета дека германскиот гигант Баерн Минхен не им дава доволно шанса на младите играчи кои се потенцијални идни ѕвезди. Според Матеус, не е правилно решението да се даваат младите играчи на позајмица во другите клубови, туку да им се дозволи да играат многу повеќе и тоа на средбите на кои веќе ќе биде решен победникот.
„Ако на младите фудбалери им се даде вистинска шанса, тие ќе ја искористат. Треба да им се верува и кога поминуваат низ лоша фаза. Талентите може да успеат и ако не бидат дадени на позајмица. Време е Баерн Минхен да верува на својата младост“, е пораката упатена од Матеус.
Баерн Минхен често пати се случува да победи убедливо посебно во првенството или во Купот на Германија, па Матеус смета дека младите играчи треба да добиваат многу повеќе шанса од настап во последните неколку минути.