Матија Мирков е нов тренер на Шкупи!

Фудбалскиот клуб Шкупи официјално објави дека Матија Мирков е нов шеф на стручниот штаб. Мирков досега работеше во Шкупи како тренер на голманите.

„Со своето големо искуство, тактички вештини и страст кон играта, уверени сме дека Матија ќе го води нашиот тим кон нови успеси. Неговите визии совршено се усогласуваат со амбициите на клубот, а ние сме возбудени што ќе го видиме позитивното влијание кое ќе го донесе и на теренот.

Исто така, со задоволство објавуваме дека Бобан Бабунски ја презема позицијата помошник-тренер, додека Минас Османи ја презема позицијата за втор помошник-тренер. Заедно ќе го зајакнат нашиот технички кадар и ќе придонесат за понатамошен развој на нашиот тим“, објавија чаирчани.

 

- Оглас -

Најнови вести