Легендата на српскиот фудбал Немања Матиќ е главен спонзор и ги влече конците во Јединство од Уб, клуб кој во претстојната сезона ќе игра во Суперлигата на Србија, а даде интересна изјава во пресрет на стартот на сезоната.
Тимот од Уб за првпат во историјата ќе игра во елитата, а ждрепката не им беше наклонета, во првите две кола играат против Црвена ѕвезда и Партизан.
Искусниот 35-годишен дефанзивен играч за врска кој настапува за француски Лион сега имаше „заканувачка“ порака до своите пријатели од Уб!
„Граѓани на Уб, честитки за влезот во Суперлигата! Уживајте во сезоната! Знам дека Црвена ѕвезда и Партизан имаат многу навивачи од Уб, но ако во овие две кола видам како некој од Уб навива против Јединство, немојте повеќе да ме поздравувате на улица“, изјави Матиќ, кој е роден во Шабац, на 50-тина километри од Уб, но како дете има тренирано во Јединство.