Матиќ и Фаустин остануваат во Вардар уште две сезони

Мислав Матиќ и Фаустин Сенгхор се играчите кои денеска ги продолжија договорите со Вардар. Двајцата фудбалери одлично се снајдоа во Црвено-црниот дрес и затоа добија продолживање на соработката за уште две сезони.

Вардар во 2025 години игра одлично и е во низа од 18 меча без пораз. Одличната игра ја крунисаа во средата, со победа во финалето на Купот над Струга ТЛ од 2:0.
За Вардар тоа беше прв куп-трофеј по пауза од 18 години, а вкупно шести Куп на Македонија.

- Оглас -

Најнови вести