21.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Матиќ на орманчето на Фернандеш остави порака за Роналдо

Некогашниот репрезентативец на Србија, Немања Матиќ реши да се пошегува на сметка на неговиот клупски колега од Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш. Матиќ реши да му остави порака на Фернандеш и тоа на орманчето од соблекувалната на „Олд Трафорд“.

Србинот залепи фотографија од спорната ситуација на дуелот во Белград, кога Португалија беше оштетена и не беше признат чист погодок на Роналдо, а и Фернандеш беше лут поради одземената можност да освојат три бода на тешкото гостување.

„Точно на линија. Дали е сега доволно јасно?“, беше пораката од Матиќ за Фернандеш и Роналдо. Србија денеска гостува кај Азербејџан во меч од квалификациите за СП 2022, а и Португалија ќе игра на туѓ терен, односно на гости кај Луксембург.

 

- Оглас -

Најнови вести