Српскиот репрезентативец Немања Матиќ бил подготвен да го напушти Манчестер јунајтед и тоа пред вчерашниот меч против Борнмут. Матиќ беше единствениот фудбалер на теренот на Борнмут, кој на својот дрес не го носеше „полското цвеќе“. Тоа е цвеќе со кое во англискиот фудбал се оддава почит на англиските војници кои загинале во Првата светска војна, но и во чест на НАТО војниците.
Матиќ не ни знаел зошто служи тој цвет. Кога го видел залепен на неговиот дрес и кога разбрал дека е во чест и на НАТО војниците, Србинот бурно реагирал.
„Ми ја бомбардиравте земјата, нема шанси да го носам ова. Ако треба, подготвен сум веднаш да си заминам од клубот“, била реакцијата на Матиќ, непосредно пред вчерашниот меч против Борнмут.
Во англискиот фудбал не е задолжително да се носи ова цвеќе на дресот, а ниту од Федерацијата наметнуваат казна за одбивање да се носи тој симбол.