Матиќ: Треба да внимава што зборува, тој е еден од најслабите голмани во историјата на Јунајтед (Видео)

Српскиот фудбалер Немања Матиќ дрско му одговори на голманот Андре Онана, кој искоментира дека Манчестер јунајтед е далеку подобар тим од Лион пред утрешниот нивен дуел од Лигата на Европа.

Матиќ, кој од 2017 до 2022 година играше за Црвените ѓаволи, нема добро мислење за Онана и му порача повеќе да внимава што зборува.

„Онана рекол дека се многу подобри од нас? Го почитувам секого, но кога си еден од најслабите голмани во историјата на Манчестер јунајтед, треба повеќе да внимаваш што зборуваш. Ако беше Де Хеа, Ван Дер Сар, Шмајхел, би се запрашал, но Онана… Тој статистички е еден од најслабите во модерната историја на клубот“, изјави Матиќ.

По оваа изјава на искусниот српски фудбалер, повторно се јави Онана.

„Не покажав непочитување кон друг клуб. Реков дека знаеме дека утре ќе биде тешко против силен противник. Се фокусираме на подготовка да одиграме добро и нашите фанови да бидат горди. Ако ништо друго, сум освоил трофеи со најголемиот клуб на светот. Некој не може да го каже истото“, одговори Онана.

- Оглас -

Најнови вести