Спортманија во Сан Марино, Трајан Маневски
По триумфот од 3-0 во Скопје, Вардар дојде на реваншот против Ла Фиорита во Сан Марино со солидна предност и голема самодоверба.
Еден од клучните играчи во дефанзивната линија, стоперот Мислав Матиќ, сепак, вели дека ќе биде потребна максимална концентрација и внимателност пред вториот натпревар од воведното коло во квалификациите за Конференциската лига.
„Влегуваме во мечот како резултатот да е нерешен. Нема место за опуштање. Нашата цел е победа на секој натпревар, без разлика на претходниот резултат. Прво треба да ја завршиме оваа задача успешно, па потоа ќе размислуваме за следниот чекор. Уверен сум дека сме поквалитетни од нив и доколку повторно бидеме фокусирани како во Скопје, нема да се соочиме со потешкотии. Тие се брзи во нападот, а денес сите екипи знаат да бидат незгодни – видете само што му се случи на Борац Бања Лука кој прими четири гола од тим од Андора. Затоа мораме да останеме максимално сериозни. Имаме солидна предност, а сега ни преостанува да ја потврдиме во четврток“, истакна Матиќ.
Дуелот помеѓу Ла Фиорита и Вардар е закажан за в четврток, со почеток во 21 часот.