Мато го матираше Пелистер, голема победа на Вардар во 80-тото дерби на ривалите (Видео)

Вардар славеше во Битола против Пелистер со 3-1, што е прв триумф за Црвено-црните на овој стадион по пауза од осум години. Оваа победа е многу значајна за Вардар во битката за опстанок.

Роџерс Мато со голови во 75-та и 82-ра минута, беше човек на одлука. Најпрвин тој искористи феномална асистенција на Тодоровски и даде гол кој го прослави симулирајќи мајмун, како одговор на провокациите од трибините.

Потоа Мато со убав гол ја запечати судбината на домашните, и повеќе внимаваше како ќе прослави, за да не добие и втор жолт картон, и да не придонесе за инцидент.

 

Инаку, во 59-та минута средбата беше прекината во траење од 60 секунди за да им се оддаде почит на настраданите во пожарот во Кочани.

 

 

- Оглас -

Најнови вести